Sunday, 25 October 2015

Р'жeн колач со јаболки и боровинки / Apple and blueberry rye cake


Fresh fruit cake, not so sweet and not so spicy. The rye flour gives it a nice, slightly nutty flavour.
Gosia, this one is for you !















Потребни состојки:

200 гр интегрално пченично брашно
100 гр р'жено брашно
2 мали лажички пециво
1 мала лажичка цимет
многу малку сол
120 мл масло
4 - 6 лажици кафеав шеќер
3 јајца
3 јаболки, рендани
1 чаша јогурт
100 гр боровинки, смрзнати или свежи

За овој колач ке ви треба округол калап со пречник од 20 см, намрсен.
Во подлабок сад ставете ги сите суви состојки.
Во друг сад ставете ги жолчките, маслото и јогуртот и матете со рачна маталка.
Белките изматете ги со миксер.
Додајте ги сувите состојки во мокрите, измешајте убаво и на крај додајте ги изматените белки, јаболките и боровниците.
Смесата ставете ја во калапот за печење.
Печете го колачот на 170 степени околу 1 час.

* шеќерот може да се замени со мед, боровниците со сецкани ореви а јогуртот со млеко. По желба може да се додаде и кора од лимон.



Ingredients:

200 gr wholemeal plain flour
100 gr rye flour
2 tsp baking powder
1 tsp cinnamon 
pinch of salt
120 ml oil
4 - 6 tbsp brown sugar
3 eggs, separated whites and yolks
3 apples, grated 
1 cup of yogurt
100 gr frozen or fresh blueberries 

You will need a round cake tin 20 cm wide.
In a mixing bowl, combine all the dry ingredients.
In a separate bowl, place the egg yolks, yogurt and oil and whisk them together.
Whisk the egg whites with a electrical mixer until stiff.
Add the dry ingredients into the wet ingredients, mix it all up and add the apples, blueberries as well as the egg whites.
Spoon the cake mixture into the buttered cake tin and bake the cake for 1 hour on 170 C.

*instead of sugar you can use honey, substitute the blueberries for chopped walnuts and use milk if you haven't got a yogurt.
If you wish, you can add some lemon zest.
Enjoy!  












No comments:

Post a Comment