Potica is festive bread prepared for Christmas! It's nutty, it's rich, it's sweet, it's beautiful. This is vegan version and because of it, I can make it any time in the year and enjoy it fresh or toasted...
Потребни состојки:
350 гр брашно
пола лажиче сол
1 лажиче сув квасец
3 лажици мед
2 лажици масло
вода по потреба
**********************
150 гр мелени ореви
2-3 лажици кафеав шеќер
1 лажица какао
1 лажиче цимет
1 ванилин шеќер
+ масло или посен маргарин за премачкување
Замесете тесто од наведените состојки и оставете го да се крева околу 45 минути.
Во меѓувреме измешајте ги оревите со останатите суви состојки. Премачкајте со масло калап за печење на лебот.
Тестото ставете го на побрашнета површина и со сукало развлечете го тенко почнувајки од средина. Тестото редовно треба да се поткрева за да не се залепи за површината на која работите. Треба да добиете тесто со ширина од околу 1 метар Х 60 см.
Со пекарска четка премачкајте го тестото со масло или стопен и оладен маргарин и посипете го на целата површина со смесата од ореви.
Замотајте го тестото како ролат, ке добиете долго и тенко тесто во облик на змија.
Во припремениот калап за печење ставете го тестото, преклопувајки се додека не го
"собере" целото тесто.
Оставете го тестото да се крева 1 час покриено со крпа.
Печете на 180 степени околу 45 минути.
Оладете го лебот пред да го сечете.
По желба посипете го со шеќер во прав.
Ingredients:
350 gr flour
1/2 tsp salt
1 tsp instant yeast
3 tbsp honey
2 tbsp oil
water
***********
150 gr ground walnuts
2-3 tbsp brown sugar
1 tbsp cocoa powder
1 tsp cinnamon
1 tbsp vanilla sugar
+ oil or melted vegan butter
Place the dry ingredients into a mixing bowl, add 200 ml water together with the honey and oil and make a dough. Add more water if needed.
Place the dough into a clean mixing bowl, cover it with tea-towel and leave it to rest for 45 minutes.
In a meantime mix up the dry ingredients for the filling.
Now the tricky bit: place the dough on a flowered surface, using a rolling pin, roll the dough starting from the middle. As you work continually pick up the dough from the table, not only to help in stretching it out, but also to make sure that it isn't sticking.
You should get 1 meter x 60 cm dough.
Now, using a pastry brush, brush the dough with oil or melted vegan butter and sprinkle the walnut mixture all over the dough. Roll the dough gently, you will get a long rope shape.
Gently lift it up and place it into a greased loaf tin in the shape of U and then repeat until all "rope" is in.
Cover the tin with tea towel and leave it to rest for 1 hour.
Bake the bread on 180 C for 45 minutes.
Cool it down completely before you slice it.
Sprinkle it with icing sugar if you wish.
No comments:
Post a Comment