Showing posts with label home made milk. Show all posts
Showing posts with label home made milk. Show all posts

Friday, 1 April 2016

Овесно млеко со цимет и ванила / Cinnamon and vanilla oat milk

Home made milk? sounds insane but unbelievably, it takes five minutes to make without the soaking process.
It's dairy free, it's cheep, it's additives free, it's vary tasty and we all love it.
Perfect for smoothies, baking, added to a coffee or over your usual breakfast cereal! 











Потребно е:

100 гр овесни снегyлки
700 мл вода 
1/4 од лажичка сол
1 лажиче цимет, по желба
1 лажиче екстрат од ванила, по желба
1 - 2 лажици јаворов сируп, по желба 

Ставете ги овесните снегулки во сад, додајте вода и оставете ги да омекнат најмалку 20 минути или неколку часа па и преку ноќ.
Одстранете ја водата користејки цедалка.
Мокрите овесни снегулки ставете ги во блендер, додајте ја водата и блендирајте кратко.
Процедете, овој пат одстранете го овесот.
Блендерот се мие, овесната вода се враќа во блендерот како и преостантите состојки.
Блендирајте кратко и процедете уште еднаш пред да го ставите млекото во чисто стаклено шише или тегла.
Млекото чувајте го во фрижидер најмногу  4 - 5 дена.

Обавезно: Протресете го шишето пред употреба, ова е домашен пијалок без стабилизатори и адитиви така да овесот ке се таложи во шишето.
Како што напоменав, ванила, цимет и сладило не е обавезно, овој пијалок може да се приготви и само со додаток на сол.

Користам филтрирана вода за подобар вкус но може и обична!

Ако немате блендер, тогаш користете стапчест или долг блендер и тегла со поголем отвор.
Цедалката треба да е ситна.
Ако немате ситна цедалка тогаш цедете преку газа.
Потребно време - 5 минути! 


Ingredients:

1 cup or 100 gr porridge oats 
700 ml water
1/4 tsp salt
1 tsp cinnamon, optional
1 tsp vanilla extract , optional
1 - 2 Tbsp maple syrup, optional

Cover the oats with fresh water and leave it for 20 min up to 8 hours.
Drain the oats discarding the water.
Place the oats into a blender and add 700 ml filtered water if you have, tap water will do as well.
Blitz for a 30 seconds then pour it through a fine sieve. Discard the oats this time.
Rinse out the blender, add the oat-water and the rest of the ingredients.
Blitz again and pour it through the sieve once more.
Pour the ready milk into a clean glass bottle or jar.
Stays fresh for 4-5 days.

note: Shake the bottle before use.

Thanks for reading! I would appreciate any comments or suggestions from you.