And finely the recipe for the cinnamon bread, the one from my front cover!
Потребни состојки:
500 гр брашно
1 инстант квасец
1 лажица шеќер
пола лажичка сол
330 до 350 мл млака вода
**************************************
60 гр кафеав шеќер
2 лажици цимет
Направете тесто: ставете 450 гр брашно во сад за месење, додајте ги сувите состојки и водата како и преостанатото брашно по потреба.
На побрашнета површина месете го тестото околу 10 минути.
Вратете го во садот и покријте го со најлонска фолија.
Оставете го да се крева околу 50 минути до 1 час, зависно од собната температура.
Потоа размесете го тестото и развлечете го со сукалка во правоаголна форма.
Посипете со мешавина од цимет и шеќер и свиткајте го како за ролат.
Ставете го тестото во подготвен калап на леб, средна големина, и оставете го да се крева 1 час.
Со сито, побрашнете го тестото пред печење ( го заштитува лебот од предвремено горење).
Печете го лебот на 200 степени 15-20 минути, намалете ја температурата на 180 и допечете го лебот уште 20-25 минути.
Кога лебот е печен, извадете го од калап и оладете го пред сечење.
Најдобар е тостирани кришки и премачкани со путер.
Ingredients:
500 gr flour
7 gr or one pack of instant yeast
1 tbsp sugar
1/2 tsp salt
330 - 350 ml water
*************************
60 gr brown sugar
2 tbsp cinnamon
Make the dough: place the flour, 450 gr only in a mixing bowl, add the rest of the ingredients adding the water and the rest of the flour slowly.
Knead the dough on the lightly floured surface for 10 minutes, place it back in the mixing bowl and cover it with cling film.
Leave it to proof for 50 min or more, depends of the room temperature.
After that, roll the dough into a rectangle shape, sprinkle the cinnamon and sugar mixture and roll it tightly.
Place the bread dough into a loaf tin ( medium size ) and leave it to proof for one hour.
Dust the dough with flour before baking, this will prevent burning.
Bake the bread in pre heated oven on 200 C for 15 - 20 minutes, reduce the temperature to 180 C and bake for 20 or 25 more minutes.
When the bread is ready, take it off the tin and cool it down before you cut it.
Best served toasted with butter.